Почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев

by Фокус

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија Анѓелко Ѓорчев, татко на поранешниот пратеник и моментално член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Како што објави СДК, докторот Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд.

Тој завршил Медицински факултет во Скопје, каде специјализирал и станал асистент по Интерна медицина, додека докторирал на тема бронхијална астма.

Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Поврзани новости