Почина поранешниот претседател на Пакистан

by fokus

Поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф, почина по долго боледување во болница во Дубаи на 80-годишна возраст, јавија денеска пакистанските локални медиуми, пренесува Ројтерс.

Генерал Мушараф, роден во Делхи, Индија, ја презеде власта во Пакистан со воен удар во 1999 година.

Тој беше претседател на Пакистан од 2001 до 2008 година.

Во ноември 2007 година, генералот Мушараф го суспендираше уставот и воведе вонредна состојба во земјата, што предизвика протести.

Тој поднесе оставка во 2008 година за да избегне импичмент и побегна во Дубаи.

Поврзани новости