Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани

by fokus

Поранешниот албански претседател Бујар Нишани, починал денеска на 57-годишна возраст. Тој беше на функцијата прв човек на земјата од 2012 до 2017 година. Исто така беше министер за внатрешни работи и за правда.

Од него се прости и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој на социјалните мрежи ја сподели тажната вест.

„Со голема тага ја примимв веста за смртта на мојот пријател, поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани.

Во нашите мемории ќе останат годините на неговиот ангажман во политиката, а од средбата што ги имавме, ќе се сеќавам на ентузијазмот и грижата кои ги покажуваше за националните интереси.

Изразувам искрено сочуство до семејството на Нишани, неговите пријатели и соработници“, напиша Ахмети.

Дел од албанските медиуми пишуваат дека Нишани во последните неколку недели бил хоспитализиран во тешка состојба во Германија, каде што и починал.

Поврзани новости