Почина поранешниот кинески лидер Џијан Цемин

by fokus

Поранешниот кинески претседател, Џијан Цемин, кој ја водеше земјата низ трансформацискиот период од доцните 1980-ти и во новиот милениум, почина денеска на 96 години, соопштија кинеските медиуми.

Џианг почина од леукемија и откажување на повеќе органи во Шангај во 12:13 часот, соопшти официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Цемин ја презеде власта по репресијата на плоштадот „Тјенанмен“ и ја поведе најнаселената нација во светот промовирајќи ја во моќен играч на светската сцена.

Поврзани новости