Почина поранешениот јавен обвинител Славчо Станков

by fokus

На 76-годишна возраст денеска во Скопје почина Славчо Станков, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија.

– Со неговата смрт обвинителството загуби професионалец и голем пријател. Славчо Станков беше роден на 5 декември 1943 во село Видовиште, Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Тој целиот работен век го помина во Јавното обвинителство и се посвети на развојот на правната мисла и унапредувањето на обвинителската фела, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Работниот век Станков го почнал во тогашното Општинско јавно обвинителство Свети Николе во 1973 година,  а во 1975 година станал заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство Скопје.

Во 1984 година почнал да работи како јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство Скопје, а од 1997 година се до пензионирањето во 2008 година беше јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија. Во перидот од октомври 2006 до јануари  2007 година, Славчо Станков беше вршител на должност Јавен обвинител на Република Македонија.

Поврзани новости