Почина поранешен европски боксерски првак во Бергамо од корона вирусот

by Fokus

Некогашниот европски боксерски првак, Анџело Ротоли почина во својата 61-ва година од животот од зараза со корона вирусот.

Поранешниот првак во тешка категорија почина во поликлиниката „Понте Сан Пиетро“ во Бергамо, а за трагедијата да биде поголема, тој пред две седмици ги изгуби својата мајка и брат како последица од опасната болест.

Ротоли ја започна својата кариера како аматер во 1977 година, а професионално почна да спортува во 1981 година. За две години стана италијански шампион, а во 1987 година стана европски шампион.

Својот последен меч во рингот го имаше во април, 1990 година и го изгуби, а тој пораз го натера да ја прекине својата кариера.

Поврзани новости