Почина пејачот Џеј Рамадановски

by fokus

Познатиот српски пејач Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст, јави дописиникот на МИА од Белград.

Според медиумите Џеј Рамадановски почина како резултат на проблеми со срцето, по неуспешните обиди на Итната медицинска помош.

Во неодамнешното интервју, Џеј изјави дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека коронавирусот би бил фатален за него.

Роден е во големото семејство на чевлари на Мазлам и Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од општина Ресен во Северна Македонија.

Поврзани новости