0
На 25.02.2025 во 16.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата починал осуденикот Џ.Х.(44) од Кичево.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.