Почина Мирослав Ќиро Блажевиќ

by fokus

Почина легендарниот фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ по долга и тешка борба со ракот.

За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден.

Првпат му беше дијагностициран рак на простата во 2011 година, но Блажевиќ се избори со болеста. Една година потоа, тој беше опериран од меланом во почетна фаза. Во септември 2019 година, тешката болест повторно се врати, а за жал овој пат Ќиро не излезе како победник.

Мирослав Ќиро Блажевиќ е роден во 1935 година во Травник, каде што ја започна својата играчка кариера.

Фудбал играше до 31 година, кога стана тренер на швајцарскиот Сион, а во 1979 година ја презеде репрезентацијата на Швајцарија. Неговиот подем како тренер започна во 1979 година, кога дојде во Риека.

На крајот на сезоната му се приклучи на Динамо, со кој ја освои титулата југословенски шампион во 1982 година.

Со Динамо следната сезона го освои Купот на Југославија, а на крајот од сезоната за првпат го напушти Динамо во швајцарскиот Грасхопер со кој го освои швајцарскиот шампионат. Од 1994 година ја водеше хрватската репрезентација.

Поврзани новости