Почина кубанскиот револуционер Фидел Кастро

by fokus

Поранешниот кубански претседател и револуционерен водач, Фидел Кастро, почина синоќа на 90-годишна возраст.

Веста ја соопшти неговиот брат, претседателот Раул Кастро, кој се обрати нанационалната телевизија.

– Командантот на кубанската револуција почина ноќеска во 22.29 часот –рече Раул Кастро.

Во Куба ќе биде прогласена неколку дневна жалост, а Фидел ќе биде кремиран.

Фидел Кастро владееше со Куба како еднопартиска држава скоро 50 години, пред во 2008 да му ја препушти власта на Раул поради болест.  Револуционерниот водич стана позна како човекот кој го симна од власт диктаторскиот режим на Флугенсио Батиста и ја „врати Куба на народот“.

Од другастрана, Кастро, дел од жителите на Куба, и многу поголем дел од западниот свет го сметаат за диктатор и лидер кој немилосрдно ја задушуваше секоја опозиција. Тој успешно им пркосеше на десет претседатели на САД во нивните обиди да го соборат од власт.

Поврзани новости