Почина Хрват откако по грешка му бил вбризган дезинфициенс

by Fokus

Шеесет и двегодишен маж почина во Хрватска откако по грешка му бил вбризган дезинфициенс. Трагичниот инцидент се случил во болницата во Чаковец и министерот за здравство Вили Берош потврди дека грешката ја направила медицинска сестра.

-Зборував со директорот на болницата, кој ми кажа дека дошло до неочекувана грешка која завршила трагично. Овој случај е редок исклучок, зашто вакви грешки не се повторуваат во нашите болници. Овдека не станува збор за лекарска грешка, кажа Берош.

Пациентот бил во болница заради рутинска терапија на хемодијализа, кога интравенозно примил недозволено средство, соопштија од болницата. Локалните здравствени власти дополнително потврдија дека на пациентот место физиолошки раствор, му бил вбризган медицински дезинфициенс, кој е исклучително отровен.

-Ова е првпат во мојата тридецениска лекарска кариера да видам ваков случај, изјави директорот на болницата Томислав Новишчак.

Поврзани новости