Почина двегодишната ќерка на екс-фудбалер на Арсенал: Скршени сме и уништени

by fokus

Почина двегодишната ќерка на фудбалерот на Бристол Сити, Беник Афобе, кој во минатото играше за Арсенал.

Оваа вест ја потврди самиот фудбалер, кој побара приватност во овие тешки мигови.

„Амора ја донесовме во болница поради сериозна инфекција, но за жал дојде до компликации. Лекарите направија се што е во нивна моќ за да и помогнат, но таа сепак почина. Скршени сме и уништени, ве молиме за приватност во овие тешки моменти“, изјави Афобе за Би-Би-Си.

Поврзани новости