Почина Дона Арес

by fokus 16:23
16:23

Босанската пејачка Дона Арес ја изгуби битката со ракот. Азра Колаковиќ, позната во регионот како Дона Арес, починала денес во родниот Бихаќ, по три годишна борба со опасната болест, рак на грлото на матката.

Пејачката ја стекна популарноста во 1997 година, кога настапи на фестивалот „Дора“ и учествуваше во изборот на песна за „Евровизија“.

Во изминатите години, често споделуваше со јавноста детали од лекувањето, и тврдеше дека болеста ја направила посилна. Ветуваше дека ќе излезе како победник и нема да се предаде.

- Advertising -

Зад себе остави голем број на хитови.

Поврзани новости