Почина доајенот на македонската фолк песна Ѓоко Дончев

by fokus

Еден од доајените на македонската народна музика Ѓоко Дончев ненадејно почина вчера во Скопје, соопшти денеска неговото семејство.

Дончев беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика. Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар.

Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Бутел.

Поврзани новости