Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата

by Фокус

По кусо и тешко боледување, денес на 65-годишна возраст почина градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

Љата е роден на 06.05.1953 година во Дебар. Средно образование завршил на медресето „Алаудин” во Приштина, дипломирал на Филолошкиот факултет во Приштина на отсектот ориентални јазици каде стекнал и титула магистер.

Од 1980 до 1991 година работел во Исламската верска заедница и бил професор на Унверзитетот во Приштина на Катедрата за ориентални јазици. Бил професор и на Исламскот факултет во Скопје и Тетово.

Пред да биде избран за градоначалник на Дебар во 2013 годна, Љата беше прв човек на дебарското муфтство кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во 2017 година граѓаните по вторпат му ја дадоа довербата.

Поврзани новости