Почина Борис Комнениќ, познат по улогата на Саша Попадиќ од „Бољи живот“

by fokus

Актерот Борис Комнениќ, најпознат по улогата на Саша Гуза Попадиќ од популарната серија „Бољи живот“ почина синоќа на 64-годишна возраст, јавуваат српските медиуми. Безживотното тело на Комнениќ било најдено во неговиот стан во Нов Белград, а медиумите објавуваат дека се борел со тешка болест.

Првенецот во Народниот театар во Белград, Борис Комнениќ, е роден во 1957 година во Пула, но со семејството во раната младост се преселил во Белград. По средното училиште, кое го завршил во родниот град, се запишал на Факултетот за драмски уметности, а станал член на Народниот театар во 1984 година.

Меѓу филмските и телевизиските наслови во кои тој играше се „Бал на води“, „Шпадијер један живот“, „Штрковите ќе се вратат“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Апофенија“ и други.

Беше многу кратко оженет, а од тој брак ја има ќерката Ника.

Поврзани новости