Почина Арета Френклин

by fokus

Пејачката Арета Френклин почина во Детроит на 76-годишна возраст, осум години откако и беше дијагностициран рак и една година откако се повлече од музичката сцена.

Френклин е првата жена која станала дел од Рокенрол халата на славните. Родена е во Мемфис. Својата кариера ја започнала како госпел-пејачка.

По нејзе, засекогаш ќе останат хитовите како „Respect“, „I Say A Little Prayer“, „Chain Of Fools“, „Think“ и „Natural Woman“, испеани со нејзиниот моќен вокал.

Поврзани новости