Почина актерот Ванчо Петрушевски

by fokus

Популарниот актер Ванчо Петрушевски почина на 67- годишна возраст. Веста за неговата смрт ни ја потврди актерот Сашо Тасевски.

Тој вели дека не може да дава повеќе информации во моментот. Петрушевски е роден во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Поврзани новости