Почина актерот Љубиша Самарџиќ – полицаецот од Петлово Брдо

by fokus

Легендарниот српски глумец Љубиша Самарџиќ – Смоки почина по тешко боледување на 80-годишна возраст во Белград. Самарџиќ ги освои срцата на гледачите со познатата серија „Полицаецот од Петлово Брдо“, која и ден денеска се емитува на српските канали. Во својата кариера вкупно остварил 130 телевизиски и филмски улоги.

Во богатата телевизиска кариера Самарџиќ играл во сериите „Топол ветер“, „Враќање на отпишаните“, „Каде одат дивите свињи“, „Подобар живот“, „Есента доаѓа, дуњо моја“….

Последната улога која ја оствари беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ во 2011 година, зад која се потпиша и како режисер. Прекарот „Смоки“ го добил благодарејќи на истоимениот лик кој го играл во филмот „Песочен град“ во 1963 година.

На почетокот на годинава тој беше опериран од тумор на мозок, а подоцна состојбата му се влошила поради лимфоцитна леукемија, од која боледувал подолго време.

Поврзани новости