Почина актерот Игор Первиќ, познат по улогата во „Буре барут”

by fokus

Српскиот актер Игор Первиќ починал утринава во неговиот стан, јавуваат регионалните медиуми. Тој ја изгубил битката со тешка и долга болест на свои 52 години.

Первиќ и е познат на јавноста по голем број на улоги во играни филмови. Балканот го запозна со улогата во ,,Буре барут” снимен во 1998 година, според истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски.

Филмот победи на фестивалот во Венеција и на Европските филмски награди. Тогаш, покрај Первиќ глумеа и Небојша Глоговац, Мики Манојловиќ, Никола Ристановски и многу други докажани актери.

Покрај ,,Буре барут” тој се појави и во култните филмови ,,Црн бомбардер”, ,,Сивиот дом”, ,,Лаење на ѕвезди” и во голем број на серии.

Поврзани новости