Почина актерката Мира Фурлан

by Fokus 08:05
08:05

Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

Таа починала во средата, 20 јануари, но информацијата беше објавена денеска.

- Advertisements -

Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно фантастична серија „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен.

-Ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргна по патот каде не можеме да ја достигнеме. Но, како и за сите нешта, со време ќе ја стигнеме и верувам дека таа ќе има многу приказни и многу нови улоги што ќе ги сподели со вселената, објави Страчински.

Поврзани новости