Почина 24-годишник на автопатот Градско-Велес откако се преврте „БМВ“

by fokus

Во сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Велес вчера почина 24-годишник од Гостивар откако се превртело возилото во кое се превезувал како сопатник. Повредени се уште две лица кои биле во возилото, како и возачот. Пренесени се во Медицински центар Велес.

Несреќата се случила околу 04.00 часот на околу 500 метри после наплатната станица Градско. Возилото со марка „БМВ“ и скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело.

Од МВР велат дека се утврдуваат причините се несреќата.

Поврзани новости