Почина 19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата од кобната сообраќајка кај Ласкарци

by Fokus

Деветнаесетгодишната девојка на која и беше ампутирана ногата по кобната сообраќајка кај Ласкарци каде што се преврте автобус на „Дурмо турс“ денеска починала на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, потврди за „Фокус“, раководителката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.

Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец се бореа за нејзиниот живот, сепак по страшните повреди кои ги имала не успеала да преживее.

– Речиси 40 дена се боревме за нејзиниот живот. Имаше многу повреди, скршеници и многу е жално тоа што не преживеа – истакна доктор Мојсова.

Таа е 16-тата жртва на кобната сообраќајка кај Ласкарци што се случи на 13 февруари. Пред една недела беше одреден притвор за шоферот на автобусот, раководителот и сопственикот на „Дурмо Турс“.

И.М.

Поврзани новости