Побегнал и го оставил возилото полно со мигранти од Пакистан и Непал

by Fokus

Скопјанец не им застанал на полицајци, а подоцна го оставил возилото и побегнал при што биле пронајдени десет мигранти, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 15,00 часот на регионалниот пат Негорци-Прдејци кај клучката за приклучување на автопатот Демир Капија – Смоквица, од страна на полициски службеници, на даден знак за запирање, возач на патничко возило “Опел Омега” не го запрел возилото и продолжил да се движи кон Граничниот премин Богородица, по што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство. При преглед на наведеното возило биле пронајдени 10 лица-мигранти, од кои девет од Пакистан и едно лице од Непал. Од извршените проверки, било утврдено дека, регистарските таблички на наведеното возило  припаѓаат на возило “Опел Кадет” сопственост на лице од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости