Побаран притвор за тројцата вчера уапсени, се сомничат за обид за убиство на Села

by fokus

Основното јавно обвинителство попладнево соопшти дека побарало притвор за три нови лица кои се сомничат за убиство во обид врз пратеникот Зијадин Села.

Станува збор за трите лица кои вчера ги пријавија граѓаните по препознавањето дека биле учесници на нападот на Собранието на 27 април.

-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за проширување на истрагата за уште 3 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Осомничените беа вчера препознаени со помош на граѓаните по објавување на нивните фотографии. Ценејќи дека се исполнети околностите предвидени во законот, надлежниот јавен обвинител до судија на предходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничените лица, се вели во соопштението на ОЈО.

Поврзани новости