ПОА: Судијата тенденциозно го одолговлекува судскиот процес против владиката Јован

by Фокус

Индикативен е и фактот дека судијата ги закажува судските рочишта против архиепископот охридски Јован, епископите брегалничкиот Марко и стобискиот Давид, свештенство, монаштво и припадници на Православната охридска архиепископија на временски дистанци од два месеца, со што тенденциозно и до бескрај го одолговлекува овој политички монтиран, државен прогон врз верска основа против канонската Црква, Православната охридска архиепископија“, се наведува во соопштението на ПОА.

– Вчера постоеше обид да се одржи второто рочиште од повторениот . Судијата констатираше дека и покрај повеќето обиди, не било возможно да се пронајде сведокот, којшто на минатото рочиште, на предлог на Јавниот обвинител, беше одредено да биде повикан за да сведочи. Лажниот сведок на којшто судот ја темелеше минатата пресуда, одеднаш станува недостапен за судот. Исто така, иако е наплатена казната и одземени се буквално сите средства од сметката на Здружението за заштита и унапредување на верските слободи ‘Анастасија’, така што сега сметката е целосно празна, сепак судијата одбива да ја одблокира, со што бесправно го спречува нормалното функционирање на сметката на ‘Анастасија’, која, пак, е единствената сметка преку којашто може да функционира Православната охридска архиепископија – реагираат од ПОА.

 

Поврзани новости