По вторпат во ист ден излажал дедо дека има некоја грешка во пензијата што ја извадил од банка и му ги украл

by Fokus

Измамник излажал дедо дека парите што ги земал од банка не се во ред и му ги украл, информираа од МВР.

Според полцијата, пред два дена во 11,00 часот, во Полициската станица Карпош, И.М.(78) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на автобуската постојка кај поликлиниката Букурешт од страна на лице на возраст од околу 40 години му била извршена измама. Имено, оштетениот додека чекал автобус на автобуската постојка му пришло лицето и му рекло дека има некоја грешка во банката каде претходно ги подигнал парите од пензијата и дека треба да се врати назад за да се исправела грешката. Двајцата заедно тргнале да одат кон банката, по  што лицето му рекло да му ги даде нему парите, а откако пријавителот му дал 8.000 денари лицето почнало да разговара на телефон и му рекло да оди во банка, додека тој го напуштил местото на настанот. Кога И.М. стигнал во банката на вработените им кажал за настанот и од нивна страна му било кажано дека бил измамен и да го пријави случајот во полиција. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости