По веста за договорот за Брегзит, фунтата достигна 5-месечен максимум

by Fokus

Фунтата порасна во однос на доларот денес, откако британскиот премиер Борис Џонсон откри дека е постигнат договор за Bрегзит со Европската Унија.

Стерлингот се зголеми за 1 процент над 1,29 долари утрово, што за валутата значи петмесечен максимум, а ова зголемување е повеќе од 6 проценти во однос на доларот оваа недела бидејќи постоеше надеж дека ќе се постигне договор за Брегзит.

Фунтата, исто така, се зголеми за 0,5 проценти во однос на еврото, па фунтата вреди 1,1129 евра.

Поврзани новости