По Велигден ќе започне вакцинацијата со кинеската „Синофарм“

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека веднаш по завршувањето на продолжениот празничен викенд за Велигден треба да започне имунизацијата со кинеската вакцина на „Синофарм“.

-Она за што се спремаме е целокупната количина од 200 000 дози на вакцината „Синофарм“ која треба да стигне околу 28 април, а за што е спремен и планот и дистрибуцијата согласно бројот на пријавени граѓани. Веднаш после пристигнувањето, веројатно тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата и вакцинацијата со оваа вакцина ќе започне во вторник непосредно после завршувањето на велигденските празници, изјави Филипче.

До тогаш ќе бидат спремни спортските сали во шест градови во внатрешноста кои ќе се користат како пунктови за масовна вакцинација. Како што рече Филипче, салата во Охрид е веќе готова, а наредната недела и тие во Штип, Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат спремни и опремени со фрижидери.

По „Синофарм“, во текот на мај секој понеделник треба да пристигаат и вакцини од „Фајзер“.

Поврзани новости