По три месеци партиско надмудрување Ушковски е нов претседател на Судскиот совет

by Фокус 13:00
13:00

Нов претседател на Судскиот совет е Бранко Ушковски, поранешен правник во Министерството за одбрана. Неофицијално тој ја има партиската поддршка на владејачката партија.

Тој доаѓа на местото на Александра Зафировска која четири години, во два мандати го водеше Советот, иако од декември до денеска не се закажуваше седница, и наспроти фактот дека мандатот и беше истечен. Токму затоа постојат информации дека последните три месеци биле искористени ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да се договорат околу претседателското место, оти и партијата на Ахмети пројавила интерес.

- Advertisements -

Бранко Ушковски е единствен член на Советот од редот на кандидатите Македонци кој никогаш не бил судија, а беше предложен од Влатко Самарџиски, член на Советот и судија на скопска апелација.

Министерот за правда Аднан Јашари кој присуствуваше на седницата не сакаше да одговори на новинарските прашања дали ДУИ го блокира во Собранието донесувањето на законот за Судски совет, со кој на Александра Зафировска требаше да и се продолжи мандатот уште една година.

Јашари изјави дека морало да се одржи седница и да се избере претседател со што би се деблокирала работата на Судскиот совет. Не одговори на прашањето за снимките на кои министри и партијата на власт одлучуваат кој ќе биде судија и дали тој сигурно е партиски човек.

„Ќе свикам прес конференција дополнително за овие теми“ – рече министерот за правда Јашари.

Новиот претседтел на Судскиот совет треба да предложи заменик претседтел на советот од редот на членовите Албанци.

Поврзани новости