По смртта на родилката во Тетово, почина и нејзиното бебе

by Fokus

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово починало во текот на вчерашниот ден, откако претходно неговата 30-годишна мајка почина при породувањето, информираат  од Министерството за здравство.

„Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она што е успешно е што во Тетово е интубирано со венска линија, направено е сè како што треба, но, за жал, бебето било во многу тешка состојба и починало“, информираат од министерството.

 

Поврзани новости