По скандалозните обвинувања, Пласидо Доминго си поднесе оставка

by Fokus

Оперската ѕвезда Пласидо Доминго поднесе оставка од местото генерален директор на Операта во Лос Анџелес по обвинувањата за сексуално вознемирување.

Во соопштението издадено вчера, Доминго вели дека обвинувањата создале „атмосфера во која мојата спсобност за работа во оваа куќа која толку многу ја сакам, беше загрозена“.

Управниот одбор наведе дека Доминго настапил повеќе од 300 пати во 31 улога.

На позицијата генерален директор тој беше од 2003 година.

Поврзани новости