По скандалот со смртта на Тамара, Фондот одобри лекување за Мартина во странство

by Фокус

Откако, јавноста се крена на нозе за смртта на 9-годишната Тамара Димовска, обвинувајќи ги здравствените власти и лекарските комисии за прераната смрт на девојчето, Фондот за здравство експресно донесе  одлука за лекување во странство на 12-годишната Мартина Стојковска од Струмица, кој исто така има искривен рбет, а болеста се повеќе прогресира и нејзината здравствена состојба се повеќе се влошува.

Од Фондот за здравство денеска стигна соопштение дека е одобрено девојчето, да се лекува на државна сметка.

– ФЗОМ ја информира јавноста дека позитнно е решено барањето за лекување во странство на девојчето М.С. , кое се испраќа на лекување во странство во Турција, во времетраење од осумнаесет дена и во придружба на родител – се наведува во нивното соопштение.

Пред неколку дена, во јавноста излезе апел од нејзиното семејство до сите хумани луѓе, да донираат пари за девојчето да може да отиде да се оперира во Турција. За операцијата се потребни 40.000 евра.

 

Поврзани новости