По шест години пауза првенството во триатлон се враќа во Дојран

by fokus

На 20-ти септември во Дојран ќе се одржи националното првенство во триатлон. Натпреварот кој ќе се бодува за Шампионат на Македонија во Триатлон е во организација на ТФМ и Општина Дојран, а како помагатели се јавуваат Агенцијaта за млади и спорт и Македонскиот Олимписки комитет.

Предвидени се категории за сениори/ки, јуниори/ки, кадети/ки и рекреативци, и исто така две категории за деца (2008 – 2011 година) и 2012 година и помлади.
Настанот ќе се одвива според строго утврдени протоколи за заштита, и ова е прв триатлон кој ќе се одржи во земјава од почетокот на пандемијата.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, за ,,Фокус” вели дека е горд што триатлонот по цели шест години пауза повторно се враќа во општината. Додава дека се одредени протоколите за заштита од вирусот, и како се надева дека настанот ќе привлече посетители.

-Драго ни е што и вон туристичка сезона ќе имаме еден ваков настан, кој ни се враќа по шест години. Традицијата продолжува, во исчекување сме на учесниците на триатлонот, но и на посетители кои ќе имаат можност да присуствуваат на првенството, кое е прво во земјава од почетокот на пандемијата – порача градоначалникот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости