По шест години јавноста ја виде „опел омегата“ со која според обвинителството се превезувале извршителите на петкратното убиство

by fokus 10:35
10:35

Во моментот во склад во близина на Миладиновци, судиите од Кривичен суд, Огнен Ставрев и Осман Шабани, како и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетами и Гаврил Бубевски, вршат увид на автомобилот „опел омега“.

Овој автомобил за прв пат имаше можност да го види и јавноста, со што конечно се разреши дилемата дали овој автомобил постои. Со свои очи автомобилот го видоа и обвинетите за петкратниот масакар што се случи на 12 април 2012 година.

- Advertisements -

Според обвинителниот акт, во автомобилот се превезувале извршителите на петкратното убиство што се случи кај Смилковско езеро.

Поврзани новости