По шест часа Димитров и Коѕијас се договориле преговорите да продолжат под покровителство на ОН

by fokus

Во канцеларијата на ОН во Виена денеска се одржа средба меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.

По средбата од македонското МНР испратија кусо соопштение во кое велат дека министрите за надворешни работи се согласиле да ги продолжат напорите под покровителство на ОН.

-По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, се вели во кусото соопштение.

Поврзани новости