По речиси еден месец закажани продолженија на четири собраниски седници

by Fokus

Во Собранието по скоро еден месец денеска треба да се одржат продолженија на 21, 22, 25 и 26 седница. Закажувањето на продолженијата на пленарните седници доаѓа по вчерашната координативната средба на првите луѓе на пратеничките групи и потпретседателите со собранискиот претседател Талат Џафери. На средбата присуствуваше заменик-координаторот на ДУИ, Арбер Адеми. Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои не одат на овие средби веќе подолго време, не присуствуваа на состанокот, но имаат неформална комуникација со Џафери за работата и активностите на Собранието.

По недоразбирањата кои се појавија во пратеничката група на ДУИ, по што Собранието повеќе недели не можеше да одржи нова пленарна седница заради немање на кворум, премиерот Зоран Заев изјави дека сите 62 пратеници со кои располага власта во Парламентот во наредниот период ќе доаѓаат на работа. Претходно и лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека проблемите се надминати на претседателството на партијата.

Поврзани новости