По промената, во најава ново ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето – детали

by fokus

Во текот на претпладнево се уште локално ќе има повеќе облачност, а врнежите ќе престануваат, попладне ќе има повеќе сончеви периоди. На повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури ќе бидат пониски од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје рано претпладнево ќе има малку повеќе облаци. Во текот на денов ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност, ќе дува засилен ветер од северен правец додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 15 степени.

Во следните неколку денови, под влијание на многу потопла воздушна маса од југ ќе има позначителен пораст на температурите на воздухот. Така за време на празниците максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, и тоа особено за време на викендот.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Услови за локален краткотраен дожд ќе има во недела попладне и кон крајот на денот кога локално ќе има нешто повеќе облачност.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости