По пожарите на Калифорнија и се закануваат поплави

by fokus

Бројот на загинати во пожарот во северна Калифорнија се зголеми на 83 жртви, а во исто време обилните дождови се закануваат да предизвикаат поплави кои би можеле да ги отежнат напорите на спасувачите кои трагаат по исчезнати и жртви во огнената стихија која избувна пред две недели.

Шерифот на округот Бјут, Кори Хонеа рече дека повеќе од 560 лица се водат како исчезнати, и оти во пожарот загинале уште две лица, со што бројот на настрадани се зголемил на 83.

Поради дождот кој почна да врне во областа Парадајс која беше опустошена во пожарот, расте загриженоста од потенцијални свлечишта и други проблеми.

За викендов се очекува да паднат меѓу 102 и 152 милиметри дожд на квадратен метар.

Поврзани новости