По породување, Јанкулоска се појави во суд за „Титаник“, стигна и Груевски

by fokus

На неколку минути пред да започне судењето за „Титаник“, обвинетата Гордана Јанкуловска се појави во судот, откако пред извесен период се породи.

Изминатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ, се наоѓа во болница по породувањето.

Во судот дојдоа и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Илија Димовски и Мартин Протуѓер.

Поврзани новости