По писмото на Талат Џафери: Иванов ќе постапел согласно Уставот и „воспоставената практика“

by fokus

Македонскиот претседател, во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика, велат од кабинетот на Иванов.

„Писмото од Собранието на Република Македонијае е пристигнато во кабинетот на претседателот на Република Македонија, вчера на 09.05.2017 година. Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: „заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија”, пренесува МИА изјава од кабинетот на Иванов.

Претседателот Иванов, се вели во изјавата, останува на ставот дека танаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија.

Поврзани новости