По пет години бегство уапсен осуденик кој пукаше на избори

by fokus

Синоќа, Единицата за потраги при МВР,  уапсила двајца осуденици, кои биле барани за издржување на затворски казни.

Според информации на „Фокус“, првиот бегалец бил уапсен бидејќи требало да издржи затворска казна од 1,5 година,  а вториот бегалец бил осуден на казна затвор од 9,5 години.

Според нашите сознанија, вториот бегалец е Амети О. кој цели пет години вешто се криел од полицијата. Тој бил осуден за пукање пред изборачко место пред шест години, а наводно пукал и кон Беќир Асани од ДУИ.

Според наши информации, синоќа околу 22 часот, бил уапсен во близина на партискиот штаб на ДУИ во Чаир.

Поврзани новости