По оставените деца на екскурзијата во Италија, директорката на училиштето во Неготино си поднесе оставка

by Fokus 15:14
15:14

Директорката на неготинското Средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Менче Зафирова си поднесе оставка од морални причини, по настаните и обвинувањата поврзани со екскурзијата на средношколците во Италија.

Од Службата за односи со јавноста на Општина Неготино се наведува дека и покрај одличната соработка и многуте започнати и реализирани проекти со цел подобрување на условите за непречено одвивање на наставно-образовниот процес во училиштето, директорката Зафирова, иако, како што стои, не е директно виновна за случувањата на екскурзијата, од морални причини до градоначалникот Тони Делков доставила писмена оставка на функцијата вршител на должноста директор.

Градоначалникот Делков ја прифатил оставката, се заблагодарил на досегашната одлична соработка и најавил постапување согласно неговите законски овластувања.

Екскурзијата на неготинските гимназијалци стана позната во јавноста, откако двајца средношколци биле оставени во Италија, а имаше и обвинувања околу самата организација на екскурзијата, но и за однесувањето на дел од учениците.

Поврзани новости