По објавата на „Фокус“, СДСМ бара оставка од секретарот на Град Скопје

by Fokus 10:07
10:07

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го поставија за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, избран од граѓаните на последните локални избори, реагираа од СДСМ.

„Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како советник. Ова не е само неетички, туку е и спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Затоа ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за ова очигледно непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции, а секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски треба да даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје, истакнаа од владејачката партија.

Поврзани новости