По невремето „Луција“ од АМСМ препорачуваат внимателно возење

by fokus
По вчерашното невреме „Луција“, сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, соопштија од АМСМ.

-Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково, велт од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, собено во планинските регион на исток и на запад.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 20 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, собено во планинските регион на исток и на запад.

Инаку вчера за помалку од половина час невремето направи хаос. Течеа реки од валкана вода по улиците, паднати покриви, скршени дрвја и оштетени афтомобили, како и поплавени објекти.

Поврзани новости