По најтешката битка, Јордан Митев се врати на сцената

by Fokus

Популарниот фолк пејач Јордан Митев ќе настапи на плоштадот во Автокоманда утре, со почеток од 13 часот, по повод христијанскиот празник Богојавленије – Водици. Како што информира на својата страница музичарот, настанот е во организација на Општина Гази Баба.

Пред неколку месеци тој за ,,Фокус” раскажа дека се враќа на настапите по пауза од околу една година. Причина за паузирањето беше неговата здравствена состојба, бидејќи водел една од најтешките битки во животот.

-Ми беше дијагностициран еден од опасните канцери, и морав итно да се оперирам. Поминав низ еден многу тежок и мрачен период кој траеше неколку месеци-ни изјави музичарот пред три месеци.

Тогаш појасни дека состојбата му е стабилизирана, се научил повеќе да внимава на своето здравје и на исхраната, и бил благодарен што наишол на посветен лекар, кој буквално го вратил во живот.

За дочекот на Новата година тој имаше настап во локал во Струмица, а пак за дочекот на Стара Нова година настапил во ресторан во Италија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости