По масовната вакцинација, Израел ги укинува рестриктивните мерки

by Фокус

После масовната вакцинација, Израел денеска почна постепено да излегува од третото „затворање“ од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Во петокот навечер, израелската Влада објави олеснување на ограничувачките мерки што се применуваат од крајот на декември, кога започна нов бран на коронавирусни инфекции.

Фризерските салони повторно се отворени, клиентите се враќаат во продавниците кои досега беа затворени, а граѓаните може да се движат повеќе од еден километар од своите домови.

Од средината на декември, благодарение на договорот со фармацевтскиот гигант „Фајзер“ за споделување на медицински податоци за резултатите од вакцинацијата, Израелците вакцинираа повеќе од 3,4 милиони жители, или скоро 40 проценти од населението.

Но, и покрај ограничувачките мерки и кампањата за вакцинација, јануари беше најсмртоносниот месец во Израел од почетокот на пандемијата. Пријавени се повеќе од 1.000 смртни случаи од Ковид-19.

Поврзани новости