По Кривичен, неделава проверка на АКМИС системот и во Апелација

by fokus

По контролата на АКМИС системот во Кривичниот суд, неделава работната група на Министерството за правда ќе проверува како функционирал електронскиот систем за распределба на судски предмети и во Апелациониот суд.

По проверката во Апелациониот суд ќе следува иста контрола и во Врховниот суд, по што ќе биде изготвен финален извештај, кој ќе ѝ биде презентиран на јавноста.

Според првичните информации од работната група, при проверката на АКМИС системот во Кривичниот суд биле утврдени голем број на нерегуларности, односно дека голем дел од предметите, наместо преку системот, се делеле на рака.

Поврзани новости