По изразениот топлотен бран – следува продор на посвеж воздух од север

by fokus
Денеска времето ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец, кој во попладневните и вечерните часови долж Повардарието ќе го промени правецот во северен со што, од север кон нашата држава ќе започне спуштање на малку посвеж воздух.
Во северните и во северозападните предели ќе има услови за локалнра и краткотрајна нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.
Веќе од утре температурите ќе бидат пониски за три до пет степени и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, додека поголеми услови за нестабилност со локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува и тоа особено утре.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости