По големиот пожар, спасени се домовите на жителите во Саса

by fokus

Пожарот во село Саса сe уште е активен, но ставен под контрола. Акцијата, како што информира Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица од утрово е поддржана и со авионско гасење.

-Спасени се домовите на жителите од село Саса. Жителите од маало Аџии повторно се во своите куќи кои во синоќешната акција ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Национални шуми, Шумска полиција со поддршка на ЈП Камена Река успеаја да ги спасат од огнената стихија, вели Трајчевски.

Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот, чие гасење е отежнато од силниот ветер и непристапниот терен.

Поврзани новости